Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, ја коментираше победата на неговата селекција над Германија. Шпанците во 119 минута од средбата со голот на Мерино успеаја да триумфираат со 2-1, и така се пласираа во полуфиналето.
Тој кажа дека Тони Крос требало уште на стартот од мечот да добие црвен картон по стартот над Педри, при што шпанскиот фудбалер потешко се повреди, и за него ова ЕВРО е завршено.
„Имам 26 играчи, и секој е подеднакво важен. Гол за 1:1 беше голем удар за нас, но реагиравме на време. Инсистиравме на тоа да играме во напад, и наградата стигна. За стартот на Крос, мислам дека заслужи да добие црвен картон“, изјави Де ла Фуенте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА