Де ла Фуенте останува селектор на Шпанија до 2026 година

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте го продолжи договорот со националниот тим до 2026 година.

Веста официјално ја потврди и Фудбалската федерација на таа земја (РФЕФ).

„РФЕФ го информираше националниот селектор за продолжување на соработката, како и за продолжување на соработката со неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на шпанската федерација.

Де ла Фуенте е на кормилото на Шпанија од декември 2022 година, кога по Светското првенство во Катар ја презеде функцијата по заминувањето на Луис Енрике. Со Де ла Фуенте на чело, Шпанија ја освои Лигата на нации во 2023 година, а потоа се пласираше на Европското првенство во Германија, кое започнува на 14. јуни.

На завршниот турнир во Германија, Шпанија ќе игра во групата Б, со Италија, Хрватска и Албанија.

Се вчитува...