Де ла Фуенте останува селектор на Шпанија до 2028 година

Шпанската фудбалска федерација го продолжи договорот со селекторот на машката репрезентација Луис де ла Фуенте за уште две години, до крајот на Европското првенство во 2028 година.

„Де ла Фуенте ќе ја предводи машката репрезентација до крајот на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Обединетото Кралство и Ирска“, се вели во соопштението на Федерацијата.

Стариот договор на Де ла Фуенте истекуваше во 2026 година, по Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Репрезентацијата ја презеде од Луис Енрике во декември 2022 година, по елиминацијата на Шпанија во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Се вчитува...