Алеикс Гарсија, Маркос Љоренте и Пау Кубарси отпаднаа од конечниот список на Шпанија за настап на ЕВРО 2024 година. Оваа одлука е за изненадување, со оглед дека се очекуваше да нема место за Ајозе Перез и ветеренот Хесус Навас, но селекторот Де Ла Фунте им најде место на овие двајца играчи.
Гарсија е пред трансфер во Баер Леверкузен, и го одложи само да настапува на ЕВРО, но откако и дефинитивно е јасно дека нема да биде повикан, сега може да го комплетира својот трансфер. Исто така за него е заинтересиран и Вест Хем.
Изненадување е отпишување на младиот Кубарси, со оглед дека имаше одлична сезона во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА