Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, не ја крие гордоста по големиот успех на својот тим и освоеното шампионско скудето, трето за „наполитанците“ во клупската историја.
Наполи и лани беше во борба за титулата, а откако трофејот заврши кај Милан тимот го напуштија стандардни првотимци како Кулибали, Фабијан Риуз, Инсиње, Мертенс… Не само што тоа не се одрази негативно врз екипата, туку тренерот Спалети создаде моќен колектив кој низ целата сезона ги „мелеше“ противниците и на пет кола до крајот го осигура големиот трофеј.
Де Лаурентис изјави дека ова не е никакво „чудо“ и дека очекува Наполи да продолжи да доминира на италијанската фудбалска сцена, најавувајќи и атак на пехарот во Лигата на Шампионите.
„Ова е голем успех, но не е никакво чудо бидејќи за него работевме напорно веќе подолго време. Ова е почеток на една нова ера во која Наполи ќе доминира и ќе освојува многу трофеи. Моја желба е догодина да ја освоиме и Лигата на Шампионите, искрено верувам дека сме способни за такво нешто. И сезонава бевме меѓу најдобрите екипи, но само поради судиските грешки бевме елиминирани. Ако УЕФА не ни прави такви сопки, догодина ќе бидеме сериозни кандидати за освојување на пехарот“, изјави Де Лаурентис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА