Де Лаурентис го убедил Конте да ја одложи одлуката за заминување од Наполи

Антонио Конте доби дополнително време да размисли за одлуката да го напушти Наполи. Ова е исходот од средбата со првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис одржана вечерва.

Де Лаурентис наводно го убедил Конте да ја преиспита неговата одлука да го напушти италијанскиот првак, и да размисли уште неколку дена пред да донесе конечна одлука. Тренерот наводно се согласил.

Во последните недели се погласни се шпекулациите за негово заминување од Наполи и враќање во Јувентус. Исто така беше поврзуван и со клупите на Интер и на Милан, меѓутоа најблиску до неговите услуги е „Старата дама“.

Се вчитува...