Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја нападна ФИФА по документарецот за светската фудбалска организација.
Тој смета дека со тоа што ФИФА дозволи на „Нетфликс“ да прави документарец заработи милиони на сметка на фудбалските клубови ширум светот кои од тоа не добија ниту евро.
„Дали сте гледале што прави ФИФА на Нетфликс? Тие украдоа милиони. Тие се наоѓаат во Швајцарија, надвор од која било европска јурисдикција и никој не ги контролира“, рече Де Лаурентис во својата презентација на правниот оддел на Универзитетот „Кампанија Луиџи Ванвители“ во градот Санта Марија Капуа Ветере на југот на Италија. .
Наполи има 15 бода пред Интер. Доколку ја освојат титулата, тоа ќе биде нивна прва од 1990 година и трета во историјата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

