Де Лаурентис: Ми понудија 2,5 милијарди евра за Наполи, но реков НЕ

Арапски фонд понудил добра сума на пари да го купи веројатно идниот шампион Наполи, но понудата од 2,5 милијарди евра била одбиена. Ова го откри претседателот Аурелио Де Лаурентис, кој е сопственик на клубот.

Пред една година Де Лаурентис истакна дека за продажба на Наполи бара 700 милиони евра, а сега дека не го интересира колку вреди, и дека нема намера да го продаде клубот.

„Пред една година арапски фонд ми понуди 2,5 милијарди евра, но јас реков не! Не ме интересира колку точно вреди клубот. Тоа е семеен бизнис и немам намера да го продадам. Тоа е така затоа што не знам што би правел следно. Да купам клуб од Премиерлигата?“, рече Де Лаурентис и кажа дека тој е по потекло од Неапол и дека не сака да биде „малтретиран“ со вакви понуди.

Тој кажа дека не само што не планира да го продаде клубот, туку размислува за реконструкција на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

„И за ова ми нудат пари, но не сакам. Сам ќе го направам ако градскиот совет ми го продаде стадионот за 1 евро“, рече Де Лаурентис.

Се вчитува...