Де Лаурентис задоволен: Конте останува уште долго во Наполи!?

Фудбалерите на Наполи се подготвуваат да ги продолжат своите обврски во италијанското првенство претстојниот викенд против Кремонезе, а освојувањето на првиот трофеј во тековната сезона го промени ставот во редовите на шампионите на Италија, што би можело да биде крунисано со нов договор за Антонио Конте.

Трофејниот италијански тренер се соочи со својата прва сериозна криза кон средината на ноември, бидејќи во деновите по поразот од Болоња постоеше неизвесност дали ќе ја изгуби работата по репрезентативната пауза.

И додека во медиумите се вртеше сага за иднината на Конте, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, несомнено нагласи дека верува во тренерот, а врвот на самодовербата би можел да дојде по добивањето на нов договор.

Според медиумите, преговорите за продолжување на соработката веќе се започнати, а Конте би добил и зголемување на платата во финансиска смисла, што е повеќе мотив да остане на „Марадона“ што е можно подолго.

Нема сомнение дека освојувањето на Суперкупот на Италија беше клучниот поттик за ова размислување на Де Лаурентис, но треба да се истакне дека Наполи не блеска во првенството бидејќи беше поразен од Удинезе кон средината на месецот. Само четири дена претходно загубија и од енфика, а по шест меча во ЛШ се со само седум бодови и со неизвесност дали ќе се пласираат во следната фаза. 

Се вчитува...