Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го најави трансферот на Кевин Де Брујне во Наполи, истакнувајќи дека тоа нема да биде најважниот трансфер во овој предоен рок за италијанскиот првак.
Се очекува 33-годишниот белгиски играч наскоро да му се придружи на Наполи, но Де Лаурентис најавува дека ќе има уште трансфери во тимот.
„Овој договор е пред три месеци, но нема да биде најважниот трансфер. Ќе играме на четири фронта, ќе мора да направиме многу трансфери. Сакаме да работиме добро и не сакаме да оставаме ништо на случајот. Никој не веруваше дека ќе остане Конте, па на крајот успеавме да го задржиме. Не ми поставувајте прашања за трансферите. Работиме на пазарот, но нема да знаете ништо за тоа. Секој ден читам. Дури 50 имиња се поврзуваат со нашиот тим, и кога читам, многу се смеам. Сите кои се на трансферот пазарот се поврзани со Наполи“, рече Де Лаурентис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

