Последните неколку дена во италијанските медиуми се шпекулираше дека Ал Хилал се интересира за 24-годишниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен. Откако не успеаја да го донесат Лионел Меси и Килијан Мбапе, челниците на овој клуб се свртеа кон голгетерот на Наполи.
Италијанското издание на „Ил Матино“ пишува дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис веќе одбил понуда од 130 милиони евра. Истиот медиум напоменува дека наводно Наполи веќе му подготвува нов договор на својот голгетер со подобра плата.
Де Лаурентис досега се покажува како тежок преговарач. Наводно тој не сакал да чуе за сума помала од 200 милиони евра за својот напаѓач, па тоа важи и за саудиските клубови кои трошат ненормално многу пари за ангажман на европските „ѕвезди“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА