Наполи се соочува со казна од УЕФА поради непримерното однесување на претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис кој приреди вистински циркус во Барселона во пресрет на денешниот реванш натпревар од Лигата на шампионите меѓу двата тима.
Де Лаурентис за време на вчерашната задолжителна средба на играчите и тренерот со медиумите, прекина интервју на негов играч со „Скај Спорт Италија“ а притоа го нападна и камерманот на оваа ТВ Куќа.
Првиот човек на Наполи, претходно најави дека ќе ја бојкотираат „Скај Спорт Италија“, па кога забележа дека дел од играчите даваат интервју за оваа телевизија се одлучи да тој да се вклучи. Па агресивно настапи кон новинарите на „Скај Спорт“. Во тие моменти Политано даваше интервју, но Де Лаурентис го отстрани а потоа ја турна и камерата на ТВ-куќата…
УЕФА најави дека ќе се испита однесувањето на првиот човек на Наполи и ќе следи соодветна казна.
Napoli President Aurelio De Laurentiis aggressively deals with a camera operator from Sky Italia 😳 pic.twitter.com/3dUT4oJIlw
— Italian Football TV (@IFTVofficial) March 11, 2024
Силна осуда Де Лаурентис доби и од сите италијански медиуми кои најавија дека во иднина ќе ги бојкотираат неговите настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА