Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, откри дека за малку ќе го ангажирал Ерлинг Халанд во тимот од Неапол, додека овој бил дел од Салцбург.
Според неговите зборови, Наполи бил подготвен со 50 милиони евра да тргне по потписот на Норвежанецот, но тогашниот негов менаџер Мино Раиола го спречил трансферот.
„Се сеќавам дека го открив Халанд. Бев подготвен да понудам 50 милиони евра. Сепак, Мино ме покани во неговата канцеларија и ми кажа: Ве молам, немојте да се обидувате. Веќе имам план за следниот трансфер на Халанд“, рече шефот на Наполи.
Станува збор за есента 2019 година кога играчот беше дел од Салцбург, а потоа веднаш замина во Борусија Дортмунд. Лани Норвежанецот потпиша за Манчестер Сити, и во првта сезона ги сруши сите рекорди, и ги освои титулите во Англија, трофејот во Лигата на шампионите, како и светското клупско првенство и УЕФА Супер-Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА