Де Лаурентис се налути: Зиелински избришан од списокот на Наполи за ЛШ

Пјотр Зиелински ги скрши срцата на „наполитанците“ откако денеска и официјално ја прифати понудата на Интер, па полскиот играч за врска од следната сезона ќе ги брани боите на Интер.

Во таборот на Наполи се бесни бидејќи Полјакот најавувал дека е подготвен да потпише нов договор, а сега си заминува без никаква отштета за клубот од Неапол, а претседателот Де Лаурентис се реши за радикален потег – бришејќи го Зиелински од листата на играчи за настап во европските купови во вториот дел од сезоната.

Полјакот беше меѓу најстандардните првотимци на Наполи во групната фаза од ЛШ и требаше да биде значаен адут во осминафиналните пресметки против Барселона, но сега е јасно дека воопшто нема да биде дел од тимот во елитното европско натпреварување.

Останува да се види дали бесот на Де Лаурентис ќе се префрли и на домашните натпреварување, а ако се знае карактерот на претседателот на Наполи лесно може да се случи полскиот интернационалец целиот втор дел од сезоната да го проследи од трибините.

Се вчитува...