Де Лаурентис се премисли, потрагата по тренер на Наполи продолжува

Серџо Консеисао беше договорен за неделава да пристигне во Неапол и да потпише договор за да стане нов тренер на Наполи, но се падна во вода откако претседателот Аурелио де Лаурентис во „пет до дванаесет“ се премисли и реши да не го ангажира португалскиот стратег како наследник на Џенаро Гатузо.

Де Лаурентис објави дека ја прекинува соработката со Гатузо, а по првата рунда преговори со Консеисао се чинеше дека се е договорено со довчерашниот тренер на Порто. Сепак, синоќешните разговори донеле пресврт, па и Де Лаурентис и Консеисао се изјасниле дека е невозможно да дојде до соработка меѓу двете страни во овој момент.

„Наполитанците“ сега се вртат кон Кристоф Галтие, кој освои титула во Франција со Лил. Де Лаурентис ќе се обиде да го убеди Галтие да дојде во Италија и да ги одбие понудите од татковината од Ница и од Лион. Доколку првиот човек на Наполи не успее во тоа, план Б останува ангажманот на Лучијано Спалети.

Се вчитува...