Де Лаурентис со шокантно предвидување: На италијанскиот фудбал му се заканува смрт

Челниците на Серија „А“ неодамна потпишаа нов договор за ТВ правата вреден дури 4,5 милијарди евра за следните пет сезони, а имаше многу „натегања“ околу соработката, но се чини дека е веќе готова работа. Италијанските медиуми пренесуваат дека договорот е веќе постигнат после четири месеци прегорови, и за потпис гласале 17 од 20 членови од елитниот ранг, што значи дека три клуба не го одобруваат.

Договорот содржи дека клубовите ќе поделат 900 милиони евра. Станува збор за нешто помал износ од сегашниот договор. Натпреварите ќе бидат пренесувани на „Дазн“ и „Скај“, а многу поголем колач следува за првата компанија, чие заштитно лице е познатата Диета Леота.

Првата реакција за новиот договор стигна од шампионот Наполи. Влијателниот и контроверзен претседател Аурелио де Лаурентис за „Газето дело спорт“ даде апокалиптична изјава:

„Ова е пораз за италијанскиот фудбал. Овие договори значат смрт за италијанскиот фудбал“, порача тој.

Се вчитува...