Де Лаурентис: Спалети е слободен човек

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети веројатно нема да го води Наполи следната сезона, и ќе си замине од клубот. Ова го потврди за италијанските медиуми првиот човек на шампионот, Аурелио Де Лаурентис кој кажа дека „Спалети е слободен човек, и дека самиот побарал да си замине“.

Со ова се потврдија шпекулациите од минатата недела дека Спалети нема да го води Наполи, по освеоното Скудето после пауза од повеќе од три децении.

„Спалети е слободен човек. Ми рече дека сака одмор“, рече Де Лаурентис, но остана неискажан дали ова се однесува на тоа дека е на одмор, или е слободен да си бара нова средина.

Дека Спалети најверојатно ќе си замине од клубот покажуваат и најавите од шпанските медиуми, од каде тврдат дека Луис Енрике во текот на следните денови треба да стигне во Неапол на преговори за преземање на италијанскиот првак.

Се вчитува...