Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, се огласи по повод заминувањето на Виктор Осимен, кој се очекува на крајот на сезоната да го напушти тимот.
ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал… се само дел од клубовите кои се интересираат за Нигериецот, а Де Лаурентис кажа дека постои висока клаузула за негов откуп.
„Некои играчи остануваат со години, некои се посакувани од Арсенал, Сити, ПСЖ, Челси… Многу е тешко да се задржат фудбалерите кога ги бараат богатите клубови. За Осимен можам само да потврдам дека има клаузула, и тоа многу висока“, рече Де Лаурентис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА