Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис вчера неочекувано искажал желба да присуствува на прес-конференцијата на својот тим пред денешниот дуел со Верона.
Па, Де Лаурентис, вообичаено за него, приредил ново шоу во неофицијалниот дел од прес-конференцијата критикувајќи ги ТВ-преносите реализирани и договорени од Серија А.
„Серија А е вистинска катастрофа, тоа е една организација на неспособни луѓе. Јас навистина не знам зошто се внесуваат камери во соблекувалните додека на фудбалерите им висат тестиси и се обидуваат да се подготват за натпреварот? Ова е тотална глупост… Која будала го смислила тој ‘изум’?“ – истакна Де Лаурентис, спротиставувајќи се и на изјавите веднаш по натпреварите.
„Сите имаат проблеми по мечот, не знаат што како уште од нервоза, а овие бараат мислење и став една секунда по крајот. Според мене, подобро е да се разговара со тренерот еден ден подоцна, кога веќе внимателно го има анализирано натпреварот. Мислам дека и прес-конференциите пред натпреварите не се функционални, тренерите треба да бидат оставени на раат за да ги подготвуваат натпреварите, не можат да ви откриваат тактички детали и да му помогнат на противникот. Затоа планирам да ги укинам овие прес-конференции пред натпреварите до крајот на сезоната“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА