Де Лигт е „Златно момче“ за 2018 година

Капитенот на Ајакс, Матијс де Лигт, е добитникот на наградата „Златно момче“ што традиционално ја доделува италијанкиот весник „Тутоспорт“ на најдобриот млад фудбалер што настапува во Европа. Одличниот одбранбен фудбалер одигра извонредно ланската сезона, а продолжува во ист стил и во последните месеци, па неслучајно Барселона тргна во офанзива за да го доведе што поскоро на „Камп ноу“.

Де Лигт доминираше изборот на фудбалските новинари од 20 земји , освојувајќи вкупно 224 поени, дури 75 повеќе од второпласираниот Трент Александер Арнолд од Ливерпул. Третата позиција во гласањето за 2018 година му припадна на Џастин Клајверт, зад кого следеа Кутроне од Милан, Винициус од Реал Мадрид, Ауар од Лион, Жедсон од Бенфика, Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд…

Само за потсетување, во изборот не беше вклучен ланскиот добитник Килијан Мбапе, бидејќи тој годинава атакуваше на сениорските признанија, по одличните настапи во дресот на ПСЖ и на француската репрезентација.

Се вчитува...