Френки де Јонг веќе стави потпис на договор со каталонскиот гигант, а медимите во Шпанија и во Холандија најавуваат дека набрзо може да му се придружи уште еден соиграч од Ајакс, капитенот Матијс де Лигт. Одличниот дефанзивец е цел на големите европски клубови, а меѓу најзаинтересираните е токму клубот од „Камп Ноу“.
Барселона нуди 70 милиони евра за Де Лигт, со надеж дека ќе го победи Пари Сен Жермен во битката и за овој холандски суперталент. А тој би сакал да го облече дресот на каталонскиот тим.
„Мислам дека нема фудбалер кој не би сакал да го носи дресот на Барселона барем еднаш во неговата кариера. Се радувам за Френки, тоа ќе биде голем чекор напред во неговата кариера. За мене не би сакал да коментирам. Ајакс се уште е мојот фокус, иако јасно е дека многу брзо ќе се случи трансфер“, изјави Матијс де Лигт за холандските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА