Трансфер сагата за премин на Матијас де Лихт и Нусар Мазрауи од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед конечно заврши откако англискиот гигант ги официјализираше потписите на долгоочекуваните засилувања.
Холандскиот стратег не го криеше задоволството од трансферот откривајќи и дека оддамна ги договорил личните услови за трансфер, но и дека долго го чекал повикот од Манчестер Јунајтед.
„Превозбуден сум. Го чекав ова долго време. Ги договорив сите услови со Манчестер Јунајтед уште во јуни. Цел одмор чекав само една порака и конечно ја добив. Едвај чекам да заиграм во дресот на Манчестер Јунајтед“, изјави Де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА