Холандскиот фудбалер Матијас Де Лихт по само две сезони го напушта Баерн Минхен, и се поизвесно ја продолжува кариерата во Манчестер јунајтед.
Јунајтед веќе почнал разговори со менаџерите на Де Лихт околу преселбата на фудбалерот во Манчестер.
„Црвените ѓаволи“ и претходно пројавуваа интерес за Де Лихт, но тој се пресели во Јувентус па во Баерн Минхен. Дефанзивецот беше дел од Ајакс под водство на сегашниот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој дури го направи капитен на само 19 години.
Голема трансфер цел на Јунајтед досега беше Џерад Брантвејт од Евертон, клуб до кој доставија понуда од 35 милиони фунти плус 8 милиони фунти во бонуси. Сепак, Евертон сака минимум 70 милиони за својот централен дефанзивец, па затоа сега Де Лихт е приоритет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА