Де Лихт и никој друг: Секоја сезона во кариерата – со нов тренер

Матијс де Лихт веќе има 26 години, па затоа неверојатно делува статистиката на одличниот холандски дефанзивец, кој секоја сезона во својата професионална кариера ја почнува со нов тренер во однос на претходната.

Де Лихт своето сениорско деби во Ајакс го имаше во 2016 година, кога на чело на холандскиот гигант седеше Петер Бош. Сепак, овој стратег во јуни 2017 се пресели во Борусија Дортмунд, а на негово место дојде Марсеј Кајзер. Тој не издржа долга, си замина во декември од сезоната 2017/2018, а наредната сезона (2018/19) Ајакс и Де Лихт ја почнаа под водство на Ерик тен Хаг.

Тоа беше сезона за паметење, Ајакс стигна и до полуфиналето на Лигата на Шампионите, Тен Хаг остана на чело на тимот, но од Амстердам си замина Де Лихт, кој се пресели во редовите на Јувентус. Негов прв тренер во Јуве беше Маурицио Сари во сезоната 2019/20, но Сари си замина следното лето, отстапувајќи го своето место на Андреа Пирло. Масимилијано Алегри го замени Пирло за следната сезона, по што Де Лихт се пресели во Баерн, таму првата година играше под Јулијан Нагелсман, по што на клупата на баварскиот гигант пристигна Томас Тухел.

Холандскиот дефанзивец пристигна во Манчестер јунајтед за сезоната 2024/25, на чело на „црвените ѓаволи“ беше Ерик тен Хаг. Неговиот сонародник доби отказ неколку месеци подоцна, на негово место пристигна Рубен Аморим, кој ја почна сезонава како предводник на англискиот фудбалски гигант.

Сега кога Португалецот исто така доби отказ од Јунајтед, јасно е дека оваа неверојатна „црна серија“ на Де Лихт и неговите тренери ќе продолжи и за сезоната 2026/27.

Се вчитува...