Холандскиот стопер на Баерн Минхен, Матијас де Лихт не ги исполни очекувањата во германскиот шампион по трансферот вреден 67 милиони од Јувентус. Оваа сезона се соочи и со повреди па го загуби местото во тимот и настапи на само 15 натпревари во Бундеслигата.
Де Лихт се поврзуваше со заминување од Баерн Минхен, но сега ги отфрли гласините велејќи дека сака да остане во тимот и да се бори за своето место.
„Не размислувам за заминување. Среќен сум во Баерн Минхен. Немам лесна сезона и тоа е нормално со оглед на тоа што бев повреден подолго време, но во моментот се чувствувам подготвен и сакам да играм. Ќе се борам за моето место“, изјави Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА