Холандскиот репрезентативец од редовите на Јувентус, Матјас Де Лихт вели дека на Европското првенство оваа година неговата селекција ќе има повеќе од сериозни противници, меѓу кои и Македонија која, според него, не смее никако да се потцени.
Холандија е во групата, покрај со Македонија, и со Австрија и Украина. Пресметката меѓу Македонија и Холандија ќе се игра на 21. јуни во Амстердам.
„Мора кон секој противник да пристапиме со максимална почит. Секој што се изборил за ЕП има квалитет. Не мислам дека имаме лесна група. Напротив, тука и Македонија и тоа како може да биде незгоден противник. Би сакале да играме со навивачи на трибините, затоа што првенството нема да биде исто без нив“ – вели ѕвездата на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА