Де Лихт пред десет години бараше да се слика со Суарез, дали сега ќе заигра со него

Интересна фотографија почна да се шири по социјалните мрежи во текот на денешниот ден, од 9-годишниот Матијс де Лихт со својот фудбалски идол Луис Суарез.

Како што е познато, Де Лихт од петгодишна возраст беше дел од академијата на Ајакс, а во времето кога ги правеше своите први фудбалски чекори, Луис Суарез беше прва ѕвезда на „црвено-белите“ од Амстердам. Де Лихт ја искористи можноста за заедничка фотографија по еден натпревар на Ајакс, но судбината може повторно да ги вкрсти патиштата на двајцата, доколку дефанзивецот реши да потпише за Барселона и да стане соиграч со својот поранешен фудбалски идол.

Преговорите влегуваат во финална фаза, самиот фудбалер не крие дека би сакал да се пресели на „Камп ноу“, па останува само клубовите да се договорат за сумата за отштета, сигурно повисока од 60 милиони евра.

Се вчитува...