Легендарниот холандски фудбалер Патрик Клајверт истакна дека Матијс де Лихт направил грешка кога ја одбил Барселона за да потпише за Јувентус, за што сега е свесен и самиот дефанзивец.
„Не се ни обидов да го убедам да дојде во Барселона, само му опишав одредени аспекти на клубот, како и на градот за живеење. Тој е одличен дефанзивец, самостојно си донесе одлука, но мислам дека сега жали поради тоа. Во животот носите избори, некогаш добри, некогаш погрешни, најважно e да извлечете поуки“ – истакна Клајверт.
Де Лихт беше критикуван од италијанската јавност поради променливите игри и неколкуте направени пенали на стартот од сезонава, но екс-капитенот на Ајакс се уште ја има поддршката на тренерот Сари, кој во него гледа идеален партнер за Бонучи во дефанзивнат линија на Јуве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА