Реал Мадрид ќе игра во финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, откако вечерва во трилер меч славеа на домашен терен против Баерн Минхен со 2-1.
Со блиц-криг и двата гола во финишот на Хоселу „кралевите“ успеаја да стигнат до ново финале, но дефинитивно во прв план во финишот беше и помошникот на главниот судија Симон Марчинијак.
Имено, Де Лихт погоди во 104. минута, но помошникот судија на стартот на акцијата го дигна знаменцето за офсајд по што Марчинијак веднаш досуди офсајд, без да дозволи акцијата да заврши па доколку подоцна има потреба да биде проверено се со ВАР.
По мечот Де Лихт изјави дека судијата му признал дека направил грешка.
„Помошниот судија ми призна дека погрешил, ми кажа „Извини направив грешка“. Навистина срамота“, изјави накратко Де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА