Де Лихт: Во Јувентус отидов поради Сари, а не за здодевен фудбал под водство на Алегри

Матијас де Лихт по само три сезони поминати во дресот на Јувентус ја промени средината и во иднина ќе настапува за Баерн Минхен. Холандскиот стопер кој блескаше предводејќи го Ајакс во Торино пристигна како огромно засилување и наследник на легендарниот Џорџо Кјелини, но не успеа да ги оправда очекувањата.

Стоперот го засили Јувентус во ерата на Маурицио Сари, а неодамна во интервју за ЕПСН откри дека токму овој тренер бил причината за прифаќање на трансферот. Со промена на тренерот се променил и стилот на игра кој едноставно не му одговара на стоперот.

„Дојдов во Јувентус со идејата дека ќе играме малку понапаѓачки фудбал бидејќи Сари беше тренер и негуваше неверојатен фудбал во Наполи и Челзи. Очекував да играме како Ајакс, но тој не напушти по само една година”, изјави Де Лихт.

Се вчитува...