Де Лурентис: Елмас не е на продажба

Елиф Елмас останува во Наполи и следната сезона, пренесува угледниот „Ил Матино“ во денешното свое издание согласно информациите директно од првиот човек на клубот од Неапол.

До Наполи биле пристигнати две понуди за Елмас, едната од Милан и уште една од Торино, но како што пренесува „Ил Матино“ од сигурно извори во клубот, Де Лаурентис барал многу повисока сума од онаа понудената од двата клуба.

Откако веќе било јасно дека Милан нема намера да плати повеќе од 35 милиони евра за македонскиот репрезентативец, Де Лаурентис донел конечна одлука дека „Елмас не е на продажба и што се однесува до Наполи тој нема повеќе да биде активен на трансфер-пазарот“.

Де Лаурентис, според информациите на медиумот од Неапол, не сакал да загуби уште еден фудбалер ова лето, по заминувањата на Оспина, Гулам, Кулибали, Мертенс и Инсиње. Одлуката на Де Лаурентис веднаш ја поддржал и тренерот Лучијано Спалети кој, исто така, инсистирал на останување на Елиф Елмас, посебно по заминувањето на Инсиње.

Се вчитува...