Италијанскиот калчолигаш Рома остана без услугите на Даниеле Де Роси, кој се повреди на пријателскиот меч меѓу Холандија и Италија (1-2) што се одигра во Амстердам. Тој беше повлечен од теренот уште во првото полувреме поради повреда на мускулот, но за среќа не се работи за преголемо истегнување.
Де Роси дефинитивно ќе го пропушти дуелот против Емполи, а лекарскиот тим прави напори за да го оспособи за реваншот против Лацио во Купот на Италија.
Рома за средбата со Емполи ќе го нема на располагање и Кевин Стротман, кој е суспендиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА