Поранешниот легендарен фудбалер на Рома, Даниеле де Роси го наследи Жозе Мурињо на „жешкото столче“ на „Олимпико“ и ќе остане дел од тимот најмалку до крајот на сезоната.
Де Роси настапуваше за Рома од 2001 до 2019 година, а сега ќе треба да се докаже и како тренер. Колку му значи враќањето во својот клуб јасно стави дознење со првата изјава од новата позиција во клубот.
„Им кажав на газите „Вие напишете колку сакате да ме платите, а јас тоа ќе го прифатам“. Едиствено што барев е бонус доколку успееме да се пласираме во Лигата на Шампиони. Нема тоа да го правам во текот на целата тренерска кариера, но мислам дека за мене ова голема шанса. Во договорот со клубот не постои можност за автоматско продолжување на договорот.
Барав од нив да ме третираат како тренер, а не како поранешен играч, легенда или симбол на клубот. Не сакам да трчам околку стадионот со маскотата на клубот. Максимално ќе се потрдудам да останам тука, таа одлука ја донесоа само што ја добив понудата која не ја очекував“, изјави Де Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

