„Де Роси многу лесно може да заврши како Мурињо“

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, смета дека тренерот на „волчицата“, Даниеле де Роси е во опасност да ја загуби работата доколку клубот не влезе во Лигата на шампионите.

Даниеле де Роси како привремен тренер минатата сезона го замени Жозе Мурињо, а на крајот од сезоната доби и продолжение на договорот со „римската волчица“.

„Со оглед на лудите инвестиции ова лето, мора да се пласираат во Лигата на шампионите. Ако инвестирате 100 милиони евра и не одите во ЛШ, тоа е целосен колапс. Ако не се борат за Лигата на шампионите, Де Роси ќе си замине предвреме, нема да остане до крај и може многу лесно да заврши како Жозе Мурињо“, изјави Тоти. 

Се вчитува...