Де Роси му кажува збогум на фудбалот

Даниеле де Роси е подготвен да ја заврши својата фудбалска кариера откако не доби доволно примамлива понуда по објавата дека си заминува од екипата на Рома. Поранешниот светски првак кој наскоро ќе наполни 36 години целата кариера ја мина во дресот на Рома, но не доби нов договор од страна на американските газди на „волчицата“, па летово беше приморан да си замине од „Олимпико“.

Во меѓувреме до Де Роси пристигнаа понуди од САД, Кина како и од Аргентина (Бока јуниорс), потоа и бројни понуди од Италија (Сампдорија, Милан, Болоња, Фиорентина), но поранешниот италијански репрезентативец е дециден на ставот дека во „Серија А“ нема да игра за друг тим освен за Рома.

Весникот „Ил Темпо“ открива дека Де Роси веќе ја соопштил одлуката за пензионирање на семејството, а во следните два-три дена и официјално ќе ја потврди пред јавноста. Според истиот извор, тој веќе добил понуда да стане дел од стручниот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација, што ќе биде прифатена.

Се вчитува...