Легендата на Рома, Даниеле де Роси, сепак, нема да заигра против својот досегашен клуб во претстојната сезона од Серија А. Тој замина од „Олимпико“ откако Рома не му понуди нов договор, имаше понуди од три други калчолигаши, но одлучи да ја прифати поканата на Николас Бурдисо да го облече дресот на аргентинскиот гигант Бока јуниорс.
Де Роси претстојниот викенд треба да замине за Буенос Аирес да ги договори сите детали околу соработката со Бока јуниорс. Италијанските медиуми откриваат дека тој имал разговор и со досегашниот соиграч од Рома, Диего Пероти, токму за идејата да го носи во иднина дресот на Бока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА