Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси, ова лето се раздели со клубот на својата младост каде ја помина целата досегашна кариера, но одлучи да остане во Серија А. Тоа значи дека по 18 сезони минати во дресот на „волчицата“, следната сезона ќе игра против Рома во италијанскиот шампионат. Наводно, тој има понуди од три други италијански прволигаши.
Де Роси, како што информираат медиумите на Апенините, ги одби понудите од Бока јуниорс и од ЛА галакси и донел дефинитивна одлука да остане во Италија. Тој за Рома одигра 459 натпревари во Серија А и постигна 43 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА