Де Роси се враќа во Серија „А“ и ќе го спасува „давеникот“

Легендата на Рома, Даниеле де Роси е пред нов ангажман во својата кариера. Поранешниот тренер на Рома се враќа на работа во Серија „А“, и ќе биде назначен за нов тренер на Џенова, пренесуваат италијанските медиуми.

Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната со овој тим, со тоа што соработката ќе продолжи доколку успее да обезбеди опстанокж во италијанската „елита“. Поранешниот италијански репрезентативец ќе го има своето „огнено крштевање“ на меч против Фиорентина, во кој двата тима ќе се борат за бодови за опстанок.

Џенова на 1 ноември го отпушти легендарниот Патрик Виеира поради слабите резултати. Од тогаш екипата ја предводат Роберто Мурџита и Доменико Кришито, кои ја донесоа првата победа на тимот против Сасуоло со 2-1.

Се вчитува...