Гонзало Перез де Варгас несомнено беше еден од хероите на Барселона во полуфиналниот меч со Кил, откако одличниот чувар на мрежата со неколку интервенции го отпиша ривалот.
Шпанецот за финалето изјави дека оваа Барса со овие играчи нема да имаат потреба од некаква дополнителна мотивација за освојување на втора титула во низа.
„За да се биде во финалето и можноста да се освои уште една Лига на шампиони не е потребна дополнителна мотивација. Ќе дадеме сè од себе за да ја освоиме титулата. Не сакаме да гледаме во минатото. Имаме шанси, многу е тешко да се биде во Келн и во финалето и не ни треба дополнителна мотивација“, изјави Варгас.
Киелце го совлада Веспрем на Дејан Манасков и го доби полуфиналниот меч во „Ланксес Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА