Де Врај потпиша – четири години во Интер

Стефан де Врај ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи долгорочен договор со екипата на Интер. Холандскиот ас се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А со настапите во дресот на Лацио, тој станува слободен играч бидејќи договорот му истекува на 30 јуни, па во меѓувреме на негова адреса пристигнаа бројни понуди.

Иако постоеше можност за преселба во Премиер-лигата, каде интерес покажаа Арсенал, Ливерпул и Манчестер јунајтед, Холанѓанецот сепак се реши да остане во Италија, прифаќајќи ја понудата на Интер. „Нероаѕурите“ денеска и официјално го потпишале договорот што стартува со важност од 1 јули, а ќе се однесува на наредните четири натпреварувачки сезона.

Де Врај ќе зема плата од 4,2 милиони евра по сезона, а неговото доаѓање најверојатно ќе значи заминување на Бразилецот Миранда.

Се вчитува...