Интер на лето ќе прави драстични промени со составот, по сите изгледи највеќе промени ќе има во одбраната откако го договорија првото засилување за следната сезона.
Холандскиот репрезентативец и играч на римски Лацио, Стефан Де Вриј од следната сезона ќе го носи дресот на Интер, откако клубот ги договори персоналните барања со неговиот агент. Се очекува Де Вриј да стави потпис на три годишен договор од кој ќе заработува три милиони евра по сезона, со додатни бонуси.
Покрај интересот од Челси и Манчестер јунајтед, Де Вриј одлучи кариерата да ја продолжи во Серија А, поточно во Интер каде ќе се обиде да конкурира за скудетото, но, Лацио не се откажува лесно од неговите услуги, па така неговата цена скокна за неколку милиони, односно сега „орлите“ бараат 35 милиони евра.
Холанѓанецот има фантастична сезона, па така цената која ја бара Лацио до некаде е оправдана.
Покрај Де Вриј, потенцијални дефанзивци кои би можеле да потпишат за миланскиот клуб се Костас Манолас од Рома и Калиду Кулибали од Наполи. Англиските гиганти покажуваат интерес и за овие двајца играчи, што значи дека Интер ќе мора да се намачи за нивен потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА