Тотенхем е во интензивна потрага по нов тренер што би ги спасил „спарси“ во трката за опстанок, а голем фаворит во оваа трка од вчера е Роберто де Зерби.
Италијанскиот стратег е повеќе од еден месец без ангажман по заминувањето од Олимпик Марсеј, но офанзивниот пристап што го негува придонесува тој редовно да е високи на листата со желби на врвните клубови.
Тотенхем се наоѓа во најголемата криза во последните децении. а управата на „спарси“ во Де Зерби гледа спасител за крајот на сезонава, но и успешен предводник на тимот за периодот што следи.
Италијанецот отпрвин преговарал за преземање на тимот од јули, но богатиот бонус што му бил понуден за обезбедување на опстанок го променил неговиот став, па Де Зерби е подготвен веднаш да се пресели во Лондон и да го преземе тимот. Добра работа е што веднаш по репрезентативната пауза во Англија се играат четвртфиналињата од ФА Купот, па Тотенхем следниот премиерлигашки меч го има закажано за 12 април, на гостински терен со Сандерленд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

