Роберто де Зерби јавно проговори против англиските судии откако неговиот Брајтон не успеа да слави на домашен терен против Шефилд Јунајтед (1-1).
Брајтон имаше водство од 1-0 по првиот дел, но потоа остана со играч помалку по исклучувањето на Дау, што гостите го искористија за да стигнат до израмнување. Италијанскиот стратег важи за крајно популарен во англиската фудбалска јавност, но кога станува збор за судиите, тој реши да говори без влакна на јазикот.
„Мислам дека веќе не е ниту тајна, јас воопшто не ги сакам англиските судии. Зошто, па бидејќи се толку многу препотентни, мислат дека секогаш се во право, а вистината е сосема спротивна. Тоа е реалноста, ВАР е вклучен во фудбалот за тие одлуки да бидат 100% точни. Англија е единствената земја во која кога ВАР ќе донесе одлука, јавноста е поделена дали таа е точна или не“, изјави Де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

