Роберто де Зерби јасно стави до знаење декa нема намера да си поднесе оставка во Олимпик Марсеј, иако неговиот тим загуби на два од последните три меча и веќе има големо заостување во однос на лидерот ПСЖ (минус 12 бода и меч помалку во однос на „светците“.
Олимпик се обидува да игра офанзивно, но на последните мечеви се мачеше да воспостави доминација, притисокот врз италијанскиот стручњак е се поголем, но тој е дециден во ставот дека планира да остане во Олимпик Марсеј.
„Ако мислите дека ке си поднесам оставка, многу се лажете. Тоа е она што можам да ви го кажам, да ви го ветам, јас не сум човек што се откажува, ќе останам и ќе го спроведам она што верувам дека е најдобро за тимот. Не сум човек што бега, не побегнав од Шахтјор ниту кога Путин почна да го бомбардира Киев, нема да побегнам ниту сега од Марсеј“, порача Де Зерби.
Олимпик Марсеј попладнево му гостува на Ленс, меч кој би можел да го врати победничкиот ритам на „сино-белите“ или уште повеќе да го зголеми притисокот врз Де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА