Де Зерби нема долго да остане без работа: Три премиерлигаши чекаат на негов потпис

Довчерашниот тренер на Олимпик Марсеј, Роберто де Зерби веројатно нема да биде долго без работа. Според англиските медиуми, најблиску до услугите на Италијанецот е Тотенхем, кој му врачи отказ на Томас Франк, и веројатно веднаш ќе посегне по Де Зерби.

Сепак, лондонскиот тим ќе има голема конкуренција во тимовите од Манчестер. Во случај Пеп Гвардиола да си замине на крајот на сезоната, токму Де Зерби е сериозен кандидат да го замени, а истото се однесува и за Манчестер Јунајтед, кој во моментов е предводен од В.Д. менаџерот Мајкл Керик, но се очекува во следната сезона и овој тим да добие нов тренер.

Де Зерби во минатото работеше во Премиерлигата во Брајтон, каде што имаше добри резултати. Беше поврзуван и со неколку други клубови, како што се Милан и Интер, но на крајот се реши да замине во Марсеј каде вчера доби отказ после поразот од ПСЖ од 5-0 во француското првенство.

Се вчитува...