Де Зерби утре за последен пат ќе го води Брајтон

Англискиот премиерлигаш и еден од најстабилните тимови последните неколку години во Премиер-лигата Брајтон и Хов Албион потврди дека на утрешниот меч против Манчестер јунајтед на домашен терен за последен пат ќе го води клубот италијанскиот стратег, Роберто де Зерби.

Долго се шпекулираше за оваа разделба, а денеска конечно стигна и потврда за оваа одлука од Брајтон.

„Брајтон може да потврди дека тренерот Роберто Де Зерби ќе го напушти клубот по утрешниот последен натпревар од Премиерлигата оваа сезона против Манчестер јунајтед“, стои во соопштението.

Де Зерби се поврзува со неколку гиганти во Европа, меѓу кои најголем фаворит е Баерн Минхен кој дефинитивно останува без Томас Тухел, а треба да се прати и ситуацијата со Чави Хернандез во Барселона.

Се вчитува...