Тренрот на Брајтон, Роберто де Зерби, ги подгреа надежите на заинтетресираните екипи, откако изјави дека во моментов нема да потпише нов договор со Брајтон.
Де Зерби е баран од неколку клубови, се поврзува со Баерн Минхен, Ливерпул и Барселона, а се чини дека плановите му се да ја смени средината, односно да не остане во Брајтон.
„Во моментов нема да потпишам нов договор со Брајтон. Треба да разговарам со Тони Блум за плановите понатаму, па ќе одлучам за иднината. Сакам да знам кој е проектот на клубот. Сакам да ги исполнам моите амбиции“, рече Де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА