Дебакл на Џирона кај Виљареал, Сосиедад од бездната до реми со Еспањол (ВИДЕО)

Екипата на Џирона за која настапува Бојан Миовски и кој не беше во комбинација за мечот со Виљареал, доживеа дебакл на гостувањето кај „жолтата подморница“. На крајот домашниот тим славеше убедлив триумф од 5-0.

Пепе уште во 7. минута донесе прендост за домашните, а Бујканан во 16. минута донесе 2-0. Потоа Марин погоди за 3-0, а четвртиот гол го постигна одново Бујканан во 28. минута од средбата.

Петтиот гол се случи во вториот дел, а го постигна одново Бујканан, кој го комплетираше хет-трикот од овој меч.

На вториот меч, Реал Сосиедад беше пред пораз од Еспањол на домашен терен откако губеше 0-2. Мила во 10. минута донесе предност, а Пуадо промаши пенал во 44. минута, за во истиот миг биде досуден уште еден пенал, кој овојпат Пуадо го погоди за 0-2 на полувремето.

Сосиедад успеа да се врати за само осум минути преку Баренетче и Оскарсон и да извлече бод од овој меч.

Се вчитува...