Динамо Загреб го доживеа најтешкиот пораз во ХНЛ лигата, запишувајќи убедлив пораз од 4-0 на гостувањето против Ријека во 23. коло.
Крајно неочекуван епилог за хрватскиот шампион во дерби-пресметката по која Ријека повторно се врати на врвот од табелата.
Неверојатната победа на Ријека беше заокружено со три гола уште во првите 45 минути, а потоа во вториот дел, Чоп со голот во 52. минута заокружи за конечни 4-0.
Во „македонската пресметка“, на крај, генерално, репрезентативецот Јован Манев беше поуспешен од Аријан Адеми и Стефан Ристовски на спротивната страна. Манев ги одигра последните десет минути од натпреварот кај Ријека, вклучувајќи го и судиското продолжение, додека Аријан Адеми настапи до 73. минута за Динамо Загреб. Стефан Ристовски остана на клупата за резервни фудбалери кај „модрите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА