„Дебакл“ на Колумбија во Еквадор, сигурни победи на Бразил и Аргентина

Четвртото коло од јужноамериканските квалификации за СП 2022 донесе вистинска катастрофа на Колумбија која загуби на гостувањето против Еквадор со 6-1.

Се на натпреварот беше завршено во првото полувреме. До 40. минута домашната селекција имаше предност од 4-0, за да Колумбија од пенал преку Хамес Родригез во продолжението на првиот дел постигне почесен погодок. Во вториот дел Еквадор запиша уште два гола за конечни 6-1.

Бразил во дербито, како гостин, славеше против Уругвај со 0-2. Погодија Артур и Ричарлисон за четири победи од четири натпревари за „кариоките“ на стартот од квалификациите. Исклучување на дуелот доби Едисон Кавани по еден жесток прекршок.

Аргентина, пак, во Лима го победија Перу со 0-2 со головите на Гонзалес и Лаутаро Мартинез во првите половина час игра. Венецуела дојде до првите бодови со победата над Чиле од 2-1, токму како и Боливија која му украде бодови на Парагвај (2-2).

Се вчитува...